ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Концентрацијата на отрови во воздухот се зголемува по 17 часот

Аерозагадувањето е највисоко навечер. Ова го покажуваат графиконите на Министерството за животна средина. Во нив се гледа дека по 17 часот се зголемуваат концентрациите во воздухот. Во тој период граѓаните се враќаат од работа, има гужва низ улиците, а во домовите се вклучуваат грејните тела. Според графиконите, воздухот не е толку загаден во раните утрински часови и попладне, период кога сообраќајот не е густ. Пред два дена најмногу загадување е измерено во Кавадарци со присуство на 361 микрограм ПМ 10 честички во воздухот. 291 микрограм ПМ 10 вчера беа измерени во Куманово, а во скопскатата населба Лисиче 280 микрограми ПМ 10 честички во воздухот. Овие мерења се од пет до седум пати поголеми од дозволената граница на загаденост. Според владата, се преземаат мерки.

„Незалудно се оние проекти замена на стари печки и подобрување во тој дел за да се заменат со горива коишто нема да ја загадуваат животната средина, така што само би додал дека ова е дел од проблемот и сигурно дека натаму треба заеднички да работиме и граѓаните и институциите во таа насока“, рече Душко Арсковски, портпарол на Влада.

Со речиси 9 милион евра, пари од Светска банка догодина општините ќе можат да искористат проекти за енергетска ефикасност. Ќе се реконструираат општинските објекти. Општините ќе може да аплицираат за замена на загревањето во училиштата со еколошко, рекоа од министерството за економија во емисијата Економски магазин на Алсат.

„Зградите мораат да ги исполнуваат критериумите коишто се утврдени претходно, а тоа се, да се сеизмички отпорни, да се стари најмалку 10 години…, рече Валентина Старделова, министерство за економија.

Догодина економија повторно ќе дава субвенции за граѓаните. Новина е што ќе се доделуваат субвенции за фотонапонски соларни панели за крововите на домаќинствата кои ќе заменат електрчна енергија. Од денеска се поставени два уреди за 24 часовен надзор на воздухот во Скопје – во  Карпош и Лисиче, кои ќе собираат податоци за квалитетот на воздухот 24 часа на ден во текот на наредните 12 месеци. Со анализа на добиените податоци попрецизно ќе се откријат поединечните извори на загадување на воздухот во градот, велат од УНДП.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button