ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Координација утре во Собрание за седниците за оставка и избор на техничката влада

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утре ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која, како што е најавено, ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието.

Претходно Џафери ќе има ад хок координација, на која, како што информираат од Собрание, ќе се утврдат точните датуми на седниците за оставките и за изборот на техничката влада.

Активностите на пленарна седница во Собранието, како што беше претходно најавено се следни: констатирање на оставка на претседател на Влада (Димитар Ковачевски) и претседател на Собрание (Талат Џафери), избор на нов претседател на Собрание (Јован Митрески), информирање на претседателот на државата за доделување на мандат на нов претседател на Влада (Талат Џафери), избор на Влада, министри, заменици министри и дополнителни заменици министри, како и констатирање на престанок на мандат на пратеник и верификација на мандат на нов пратеник во Изборна единица 5.

До недела на полноќ (28 јануари) земјава треба да добие трета преодна влада која ќе ја предводи Талат Џафери, актуелен претседател на Собранието.

Оваа Влада се бира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели претходно, на 24 април, ќе се одржат претседателските избори. Подготовките и кадровското екипирање на техничката влада се во тек, и се очекува да финишираат до петок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button