МАКЕДОНИЈА

Корекција на наслов на вест

Согласно член 16 од Уставот на Република Северна Македонија каде е загарантирано правото за корекција на информации од јавен карактер и врз основа на етичкиот Кодекс на новинарите, точка 3 од етичките принципи и вредности, редакцијата на Алсат ТВ го корегира насловот на фото-веста од 01.03.2021 година, која беше објавена само на Фејсбук-профилот на Алсат, а не на официјалната веб-страница или во телевизиските вести.

Без намери за сензација, поради брзина, само во насловот на оваа вест, беше направен пропуст каде осудениот Бобан Илиќ за сериозно кривично дело против луѓе и имот во сообраќајот, беше наречен убиец, збор што не беше употребен во судската пресуда на Основен суд Куманово за случајот каде Алмир Алиу доби повреди со смртни последици од прегазување со автомобилот од страна на Бобан Илиќ. Оваа корекција се прави на барање на одбраната на семејството Илиќ за јавно извинување во овој ненамерен пропуст.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button