ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Коритото во село Порој полно со ѓубре

Коритото во село Порој полно со ѓубре

Коритото во село Порој полека се полни со ѓубре, а ерозијата на почвата на некои места доведе до речиси целосно блокирање на каналот. Не го одржува ниту селото, ниту општината, ниту Министерството за екологија и покрај тоа што токму оваа река беше причина за уништување на илјадници хектари обработливо земјиште, куќи и деловни објекти во поплавите кои се случија пред седум години. Тогаш локалната и централната власт неколкупати ветија дека ќе се изградат брани и оти коритото редовно ќе се чисти. Но, сè остана само на зборови. Жителите се жалат дека приближувањето на есента им носи страв и главоболки, секојпат кога ќе врне дожд во селото, поминуваат дури и непроспиени ноќи, само за да не бидат неподготвени зафатени од нова поплава.

„Ништо не направија. Само кога ќе има избори се даваат ветувања – ќе го направиме ова, ќе го правиме тоа, на истиот стар начин.“

„Воопшто ништо не направија. Не знам што да кажам, досега ништо не сработија. Одете кај мостот горе и видете како е повторно.“

„Има ветувања дека ќе дојдат од Европската унија, наводно да ја преземат работата. Јас сум советник од времето на општина Џепчиште и за овој проблем никогаш не се разговарало. Ние како жители не можеме да си го дозволиме ова, а државата секогаш го избегнува. Луѓето се навикнати, само гледаат кон небото за да се уверат дека нема дожд или нешто полошо, затоа што ние постарите знаеме која е опасноста, овие младите не знаат. Повеќе сме навикнати на ветувања, Порој сè што направи го направи само.“

„За несреќата да биде уште поголема, дел од жителите на Порој изгледа брзо заборавија што се случи во 2015 година. Освен што реката не се чисти редовно, во нејзиното корито почнаа да фрлаат ѓубре, со што го стеснуваат коритото на реката во ова место, каде што, за жал, сè уште не е направено целосно обесштетување на штетите од катастрофата од 2015 и 2017 година.“

Прашавме во Владата кога се очекува да започне поставувањето на браните, што беше ветено одамна, но одговор не добивме. Локалната власт ја префрла топката кон Владата. Проектот, велат од општина Тетово е многу скап и општината не е во можност со свои финансии да изгради брани од селото Ѓермо до долниот дел на реката во село Порој. Прекумерниот проток на вода во оваа река не ги загрозува само жителите на Порој, туку и жителите на селата Полатица и Требош, каде што завршува реката, често во обработливите ниви на жителите.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button