МАКЕДОНИЈА

Корона во Куманово, лекарите ги обвинуваат граѓаните, граѓаните „се вадат“ на немањето вакцини

Корона-вирусот за три пати го зголеми бројот на заболени во Куманово. Од Центарот за јавно здравје потенцираат дека во рок од еден месец бројот на заразени бележи голем пораст, главно поради непочитување на заштитните мерки.

 „Да, има зголемување на бројките, на пример последната недела од февруари каде имавме 89 заразени, а минатата недела бројот достигна 283, што е многу голема разлика. Ова зголемување доаѓа најмногу како резултат на младите кои потоа го пренесуваат на постарите и се очекува овој број да се зголеми во следните две недели“, рече Ариф Љатифи, директор на ЦЈЗ Куманово.

Но, граѓани велат дека зголемувањето на бројот на заболени се должи на доцнењето на вакцините.

Прво, проблемот е кај населението и второ проблемот е кај Владата. Државата мора да преземе мерки бидејќи и психички сме уморни, вакцините ќе стигнат, не, нема да стигнат, ќе земеме, не, нема да земеме. Сите европски земји зедоа, Македонија како што знаете е на нула.“

„Броевите се зголемуваат, нема вакцини, но нема ни држава. Што најмногу ви пречи? Ми пречат маските. Зошто ја носите? Ја носам бидејќи казната е 20 евра, нè казнуваат за ништо.“

 „Недостигот на вакцини во оваа земја не може да се разбере зошто ги нема. Праќаат пари, па ги враќаат, тоа им е нивна игра. Што можам да кажам за оваа земја. Требаше од порано да мислат за здравјето, а не сега да нè малтретираат.“

 Актуелно околу 100 пациенти се хоспитализирани во Градската болница во Куманово. Ставена е во функција и модуларната болница. Од почетокот на пандемијата заболеа над 6.300 жители на Куманово, а бројот на активни случаи сега изнесува околу 550.

 Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button