ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Корупцијата – главна причина за младите да ја напуштат државата

Корупцијата е главната причина што младите ја напуштаат земјата и стануваат успешни во странство. Вака оценува шефицата на Комисијата за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска. Таа вели дека општеството кај нас е загадено од корупција, и итно треба да се создаде здрава клима и систем против корупцијата, за да можат да се вратат сите што избегале во странство.

Зоран Илиевски од коалицијата на младински организации „СЕГА“ вели дека заклучок од  истражувањата кај младите е дека  корупцијата е најзагрижувачко прашање за нив. Тој вели дека една третина од граѓаните сметаат дека биле дел од некакво коруптивно однесување или околу 540 илјади граѓани.

Илиески додаде дека според нивното истражување само 0,015 отсто од коруптивните случаи биле решени во судовите во земјава. Ова, според него, ја покажува неефикасноста на правосудниот систем во земјава. Оттаму додава дека мора да се направат итни системски реформи.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button