ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За убиството на Тот вкупни затворски казни од 52 години

52 години затвор за тројцата обвинети за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. При читањето на пресудата, судијката Елена Илевска Јосифовиќ истакна дека обвинетите го удриле починатиот свесни за можните последици. Покрај тоа, родителите и братот на починатиот ќе треба да бидат обештетени со 420.000 евра.

Обвинителката Тања Трајчевска изрази задоволство од одлуката на судот.

По изречената казна реагираа членовите на семејството на обвинетите

„Ова е неправда“; „Тоа не беше убиство“; „Тие се мали деца“; „18 години?! Дали слушате што чита судијата?” беа коментарите на членовите на семејството кои во солзи ја напуштија салата.

Одбраната не се согласува со пресудата и ќе ја обжали. Според адвокатот на обвинетата Клементина Лефкова, Емил Гугутчески, ниту еден од ударите на Лефкова не предизвикала смрт.

Обвинетите ќе останат во притвор до правосилноста на пресудата. Трагичниот случај се случи на 7 април во ноќен клуб во Скопје.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button