Косово денеска ја слави 17-годишнината од независноста
Косово денеска ја слави 17-годишнината од независноста

Политичките лидери положија венци во знак на почит на комплексот во Преказ, на гробот на поранешниот претседател Ибрахим Ругова и на гробот на поранешниот патриот Адем Демачи. Кон почестите се приклучија и граѓани.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека патувањето на Косово како република не може да го спречи никој.
„Трајна благодарност до сите оние кои се жртвуваа и дадоа сè за денес заедно да го прославиме овој свет и историски ден, почнувајќи од архитектот на независноста, историскиот претседател и легендарниот командант Адем Јашари кои ја предводеа ОВК до секој граѓанин на нашата република кој се жртвуваше со труд и крв за денес да го прославиме овој ден“,рече Вјоса Османи, претседателка на Косово.
Премиерот Албин Курти направи економска споредба. Според него, Косово денес е економски многу посилно отколку пред 17 години.
„Економијата на Косово е три пати поголема отколку што беше пред 17 години, но во исто време ние сме пример за безбедност, не само во балканскиот регион, кога ги земаме предвид правата на граѓаните, нивната благосостојба, народниот ентузијазам и успесите на нашата република, кои се успеси на луѓето, на институциите, но и на нашите партнери“, рече Албин Курти, премиер.
Курти и Османи се поклонија и пред Споменикот на исчезнатите и на споменикот на убиените деца. По повод независноста се оджраа повеќе настани во текот на денот.