ВЕСТИРЕГИОН

Косово го одбележува Денот на независноста

Република Косово, со низа активности денеска ја одбележува 14-тата годишнина од прогласувањето на својата независност. Според државната агенда, активностите за започнаа со кревање на косовското знаме во дворот на Владата, а на церемонијата присуствуваат претседателката на државата, Вјоса Османи, претседателот на републичкото Собрание, Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти. Челниците на државните институции, традиционално, ќе оддадат почести и ќе положат цвеќиња во Меморијалниот центар на основачот на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Адем Јашари и кај гробовите на првиот претседател на независно Косово, Ибрахим Ругова и на истакнатиот борец за независно Косово, Адем Демачи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button