ВЕСТИРЕГИОН

Косово во изборен молк, утре ќе гласа на парламентарни избори

Утре, граѓаните на Косово ќе гласаат на предвремени парламентарни избори, а од синоќа на полноќ стапи на сила изборен молк, кој ќе заврши утре во 19 часот кога треба да се затворат избирачките места.

Официјалната кампања за овие, осми по ред, повеќепартиски избори во повоено Косово, започна на 3 февруари, а за следење на изборниот процес се акредитирани околу 20 илјади набљудувачи, кои доаѓаат од политичките партии, медиумите, амбасадите, невладините и други организации.

На изборите учествуваат 28 политички субјекти сертифицирани од Централната изборна комисија (ЦИК). За 120 места во косовскиот парламент во трка се 1 068 кандидати.

Право на глас, според конечниот список на гласачи што го објави ЦИК, имаат 1 794 862 лица.

Косово оди на предвремени избори откако Уставниот суд во декември 2020 одлучи дека актуелната влада на Хоти е нелегитимна. Ваквата иницијатива до судот порекна поранешниот премиер, Албин Курти, од Движењето за самоопределување од причина што за владата на Хоти гласал пратеникот Етем Арифи кој претх

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button