ВЕСТИРЕГИОН

Тлото и натаму не мирува! Денеска два нови земјотреса во Хрватска

Рано утрово се регистрирани два умерени земјотреси со епицентар кај Петриња со јачина од 3,7 и 3,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти хрватската сеизмолошка служба.

Првиот силен земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер се случи во 04:55 часот.

Уште еден малку послаб земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала се случи во 05:19 часот, според извештајот на Сеизмолошката служба, пренесува агенцијата Хина.

Земјотресите биле почувствувани и во Загреб. Областа на централна Хрватска постојано се тресе по разорниот земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој ја погоди областа на 29 декември минатата година, а претходниот ден му претходеше земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button