ВЕСТИРЕГИОН

Косовската полиција најде руски документи во запленетите возила

Акцијата на косовската полиција за расветлување на вчерашниот напад на северот сè уште трае. Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељал Свечла, вечерва за Алсат соопшти дека српската власт не е сама во ваквите акти, туку ја има поддршката од Русија. Како потврда за тоа, министерот го наведе и фактот дека во некои од запленетите возила биле пронајдени и руски документи. Приштина, додаде тој, сега треба да размисли да го смени пристапот во дијалогот со Србија кој се води со посредство на ЕУ.

Advertisements

„Да, секако. Србија не дејствува сама. Можам да ви кажам дека во едно од запленетите возила, станува збор за 20 запленети возила, поточно за 23 возила со муниција и опрема, во едно од нив има и руски документи“, изјави Свечла за вестите на Алсат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button