СПОРТФУДБАЛ

Костадинов: Првиот пенал беше доста дискутабилен, но…

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 2-1 на гостувањето кај Чешка. Поразот дојде по два сомнителни пенали и се чини дека главен актер за чесите беше судија Оченаш од Словачка. Фудбалерот од средниот ред Тихомир Костадинов вели дека Македонија овојпат беше подготвена за тежок натпревар.

„Знаевме дека ќе биде физички тежок натпревар. На тоа бевме подготвени, дека чесите ќе играат на центаршутеви бидејќи физички се доста моќни. Мислам дека многу добро одговоривме на тоа. Штета за тие две ситуации, според мене првиот пенал беше доста дискутабилен, но тоа е дел од фудбалот. Исто така направивме наивен пенал во последните секунди, меѓутоа одиме понатаму. Игравме против многу силен ривал кој ќе игра на ЕП. Тоа треба да ни даде мотив и самодоверба бидејќи мислам тоа ни недостига. Почнувам од себе индивидуално, јас и колегите мора да работиме на тоа да се подобриме во тој аспект. Во тактичкиот аспект и борбеноста нема замерки. Треба да извлечеме поуки од овој натпревар, да работиме на себе и во септември да си ја оствариме целта“, изјави Костадинов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button