ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски без конкретен одговор зошто навреме не се реагирало за Онкологија

Ковачевски без конкретен одговор зошто навреме не се реагирало за Онкологија

За премиерот Димитар Ковачевски страшни се тврдењата за злоупотреби на Клиниката за онкологија, но тој немаше конкретен одговор зошто институциите не реагирале многу порано за овој случај, кога дел од медиумите алармираа уште минатата година. Тој ја поздрави акцијата на МВР и Обвинителството, побара да не се етикетира целиот медицински персонал бидејќи криминалот го вршеле конкретни лица со име и презиме. Ковачевски апелираше да има одговорност за сите инволвирани.

Премиерот нагласи дека во моментов на Клиниката за онкологија има нов директор кој соработува со институциите за целиот случај. Јавното обвинителство допрва се очекува да излезе со информации за текот на истрагата по полициската акција која заврши со одземање на компјутери и друг материјал за вештачење. Акцијата уследи по пишувања во медиумите дека се случува сериозна злоупотреба со терапиите против канцер. Алсат и минатата година известуваше за истиот проблем.
По акцијата на МВР во петокот, во јавноста веќе трет ден има многу реакции на граѓани кои останале без членови на семејствата поради недостиг на антиканцерогени терапии на Клиниката. Реагираа и голем број невладини здруженија. Некои од граѓаните дури пишуваат дека многу болни воопшто и не примале терапија бидејќи им било кажано дека недостигаат соодветни лекови, па според некои тврдења, тие примале само физиолошки раствор, односно вода со сол. Исто така, на социјалните мрежи за утре во 18.00 часот е најавен протест пред Владата под мотото

„Протест против организираните убиства на онкологија!“

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button