ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

ВМРО и БЕСА бараат одговорност и ЗАТВОР за криминалците на Онкологија

ВМРО и БЕСА бараат одговорност и ЗАТВОР за криминалците на Онкологија

И денеска ВМРО повторно ја критикува власта за скандалот на Онкологија. Според опозицијата, Владата предводена од СДСМ и ДУИ знаела за случувањата со кои се загрозувале животите на пациентите, но одбрале да молчат. Поради тоа, од ВМРО најавуваат дека ќе има кривична и политичка одговорност.

Случајот на Онкологија е врв на скандалите кои секојдневно ја тресат Владата, се вели во реакцијата на БЕСА.
„Оваа власт ненаситна од кражби и злоупотреби, не се задоволува со милионски тендери што се појавуваат секој ден и повеќе, туку отидоа дотаму што ги крадат лековите на тешко болните пациенти. Нема никакво оправдување кое може да ги оправда од кривична одговорност инволвираните во овој нехуман скандал кога раководителите на Онкологија во соработка со некои вработени на оваа клиника пишувале фиктивни лекови за непостоечки пациенти, наводно примајќи здравствена терапија. Во меѓувреме, вистинските пациенти и болни наместо да ги примат целосните дози на лекот, добиле половина дози терапија со што се создава двојна болка кај нив и поради овој криминал многу пациенти починале“, велат од Движење БЕСА.

Од Беса велат дека за овој нехуман скандал треба да има одговорност и затворски казни за сите инволвирани.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button