ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Годинава ајвар и туршија колку за мезе

Годинава ајвар и туршија колку за мезе

Многу граѓани есенва не планираат да прават ајвар и да ставаат зимски туршии. Цените на зеленчукот се многу високи. Многу од оние со кои зборувавме ни рекоа дека имаат многу ниски примања и едвај можат да ги покријат основните трошоци, а камоли да размислуваат за зимница.Не, ништо, ништо. Како да се подготвуваме? Гледате колку се високи цените.

Колку се повисоки во споредба со лани?

За 100 проценти. Со 1.000 денари ја поминувавме зимата, сега со 200 евра не можете да врзете крај со крај.

Како да се подготвиме, кога дрва не можеме да купиме, 5.000 денари е кубик дрва, 13.000 денари пензија земаме, што да правиме? Струја 5.000 денари, нешто за јадење, не се стига, што да направиш најпрво. Зеленчукот и сами гледате, катастрофа е.

Цените нема каде да одат погоре, пари нема, ништо, дали треба да јадам, ниски пензии, само нè лажат. Ќе ги зголемиме и ништо. Не ги покачуваат. Струјата ми доаѓа 8.000 денари, ѓубре, вода, не стигаат.

Дури и продавачите се согласуваат дека цените се превисоки. Многу муштерии само доаѓаат, прашуваат и си заминуваат без ништо да купат.

Многу слабо. Високи цени. Само доаѓаат прашуваат и си одат.

Колку е опадната продажбата во однос на претходните години? Оваа година е намалена за 20 проценти. Поскапеа пиперките, годинава се поскапи.

Цените на пиперките ајварки варираат од ден на ден. Моментално еден килограм чини 70 денари.

 

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button