ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Визбегово ја почна новата учебна година без новото училиште

Визбегово ја почна новата учебна година без новото училиште

Учениците од Визбегово и оваа учебна година ја започнаа во објектите каде што одеа и досега. Новото училиште не е готово. Министерот за образование, Јетон Шаќири за Алсат најави дека рокот за пуштање во употреба на ова училиште е почетокот на октомври. Според Шаќири, првично на настава во него ќе одат учениците од прво до петто одделение, додека за учениците до деветто ќе треба да одлучат родителите.

„Од прво до петто ги собравме податоците, исто така и за шесто ако има број, а за деветто ако има доволен број на ученици. Затоа што во целиот тој објект, во целото тоа училиште, ако се отвори паралелка со два-тројца ученици, проблемот не е обезбедувањето наставници, министерството ќе ги обезбеди, туку прашањето за квалитетот, од една група да одделуваме три деца не гледам дека е разумно во последната фаза, но родителите нека одлучат заедно со секторот на министерството“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование.

Жителите на Визбегово велат дека ако е за едне месец, тогаш ќе се стрпат, но нагласуваат дека зградата мора да се осветли, да се постави сигнализација и обезбедување.

„Кога чекавме толку време или години, не знам точно колку, ќе чекаме уште еден месец со надеж дека ќе се отвори и децата ќе почнат овде. Можеби училиштето е изградено, но се гледа дека е потребна и инфраструктура и осветлување бидејќи во зима се стемнува, а за децата на овие улици без осветлување е малку проблем. Побаравме и сигнализацијата на патиштата, асфалтирањето да заврши и еднаш засекогаш да немаме проблеми со протести, непотребно да се жалиме, кога е можно да се направи такво нешто. Не бараме кој знае што“, нагласи Неби Ибрахими, жител на Визбегово.

По долги години барања и протести, објектот на основното училиште во Визбегово почна да се гради во јануари 2022 година, со рок на изградба од 18 месеци. Според проектот, во ова училиште со 17 паралелки се очекува да учат 500 ученици. Досега над 1.400 ученици од оваа населба мораа да учат во разни училишта во три скопски општини Бутел, Чаир и Шуто Оризари. За да стигнат до училиште пешачеа повеќе од 3 километри.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button