ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: Ќе работиме со сите кои го унапредуваат патот кон ЕУ

И покрај тоа што сите политички партии во својата предизборна платформа се обврзаа дека ќе го продолжат патот на земјата кон ЕУ, Брисел сака да види конкретни активности од новата Влада во оваа насока, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир. Тој додаде дека ЕУ тесно ќе соработува со сите партии кои имаат за цел неопходни реформи за членство во Унијата.

„Практично сите партии во текот на кампањата јасно го поставија приоритетот „во полза“ на ЕУ и движењето напред на државата во насока на ЕУ, така што не е прашање да им веруваме или да прашаме што велат, туку да видиме што е направено и кои се чекорите што ќе се преземат по формирањето на владата. Тогаш ќе судиме врз основа на овие постапки и во секој случај ќе ги поддржиме сите оние кои преземаат вистински чекори да се движат напред кон Европската Унија“, рече Гир.

Гир не ги коментираше преговорите меѓу ВМРО и Вреди за формирање на новата Влада. Тој рече дека ЕУ ќе соработува со сите партии за да ја унапреди земјата во насока на спроведување на неопходните реформи и чекори за што поскоро зачленување во ЕУ.

„Нема да коментирам за преговорите кои се во тек, важно е што имавме мирни избори кои резултираа со разговори за формирање на новата влада. Ние и ЕУ во секој случај ќе сакаме да соработуваме со сите кои ќе напредуваат на патот кон ЕУ и спроведувањето на реформите и сите неопходни чекори кои ќе ја  приближат земјата кон ЕУ. Разговараме со сите партии, и со тие што ја формираат владата, но формирањето на владата е нивна работа и не е наше да бидеме дел од неа“, додаде Гир.

Амбасадорот Гир овие коментари ги даде денеска пред средбата со студентите на Универзитетот во Тетово, каде што го одржа предавањето на тема „Проширување на ЕУ“.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button