ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По Ковачевски, во оставки се сите претседатели на општинските

По најавата на Димитар Ковачевски за негово повлекување од функцијата претседател на СДСМ, следниот месец социјалдемократите ќе го изберат новиот лидер и раководството на партијата. Извршниот одбор донесе одлука за формирање работни групи за активно пријавување на членовите за гласање на внатрепартиски избори, како и за организирање на отчетен конгрес на СДСМ.

СДСМ:

„Извршниот одбор ја задолжи Изборната комисија врз основа на партискиот статут да предложи правилник за спроведување на непосредни внатрепартиски избори во текот на месец јуни, во транспарентна и демократска постапка“.

Од СДСМ соопштуваат дека оставки од функцијата поднеле и членовите на Извршниот совет како и членовите на претседателството, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар и секретарот за регионална соработка.

Се бара и Централниот одбор да поднесе оставки, како морален чин на одговорност. Од СДСМ соопштуваат дека според партискиот статут, со оставката на Ковачевски, сите претседатели на општинските организации поднесуваат оставки, со оглед на фактот што се именувани од првиот човек на партијата, додека функцијата ќе ја извршуваат до изборот на нови раководители.

Аналитичарите оценуваат дека по резултатите од изборите оставките биле очекувани.

За функцијата прв човек на СДСМ веќе почнаа да се шират гласини за можни кандидати. Се споменуваат Венко Филипче, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Јован Деспотовски и Игор Ивановски.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button