ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На кого ќе припаднат местата за опозицијата – СДСМ и ДУИ имаат ист број на мандати

Коалициите со еднакви број мандати дополнително ја комплицираат поделбата на позициите кои им припаѓаат на опозициските партии, претседателот на Државната изборна комисија и двете работни тела во Собранието, Комисијата за финансирање и буџет и Постојаната анкетна комисија за слобода и човекови права. Правните норми не се однесуваат на коалициите, туку на политичките партии како позиција и опозиција. Имено, Изборниот законик се однесува на „двете опозициски партии“ и коалиции. Додека во другите одредби се зборува за опозициски партии кои на последните избори за пратеници во Собранието имаат обезбедено најмногу гласови.

„Од кандидатите предложени во листата, опозициските политички партии предлагаат претседател и двајца членови на ДИК, додека владејачките партии предлагаат заменик претседател и тројца членови“, стои во Изборниот законик.

Дури и во Собранието, Деловикот не се однесува на коалициите, туку на парламентарните групи, или „бројот на пратеници во парламентарните групи“. Во оваа ситуација, останува нејасно на која коалиција и следува претседател на Комисијата за финансирање и буџет.

„Составот на работните тела и анкетните комисии се утврдува со одлука на Собранието, во зависност од бројот на пратениците во пратеничките групи, од пратеници кои не се организирани во групи на пратеници и согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите“, пишува во Деловникот.

Досега немало пракса кога двете партии во опозиција имаат ист број на пратеници.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button