ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје

Во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, владина делегација предводена од министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска положи цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј, на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Владината делегација, како што стои во соопштението од владината прес-служба, оддала почит на просветителското дело на светите браќа кое е од темелно значење за македонскиот јазик, идентитет и култура.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button