ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Безбедносната состојба во земјата е стабилна

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и оти во однос на дојавите за поставени бомби во повеќе училишта и јавни места, МВР работи со полн капацитет.

„Безбедносната ситуација во земјата е стабилна, МВР целосно и успешно ја врши својата работа за да ја гарантира безбедноста на секој граѓанин во нашата држава. Што се однесува до монструозните дојави за бомби…,  на ваков тип напади се изложени и соседните земји. Последните се во Црна Гора, но ги има и во Србија. Според експертите од оваа проблематика, особено се зголемени по отпочнувањето на војната во Украина. МВР со однос на дојавите за бомби дејствува со полн капацитет. Како резултат на ова, на 5.12.2022 година, секторот за борба против тероризам, до ОЈО за гонење организиран криминал поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје“, вели Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button