ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски бил задоволен од министрите на ДУИ

Најголем дел од извршните кадри кои не се сменија ниту во овој состав се од ДУИ. Оваа партија не смени ниту еден министер од Владата на Заев, освен рокада на ресори. Поранешниот министер за администрација, сега е министер за образование.

Претставници на ДУИ, меѓу кои и лидерот на партијата Али Ахмети, се појавија на јавни настани, но одбија да ги коментираат последните политички случувања за новите владини избори.

Премиерот Димитар Ковачевски на прашањето дали кадрите на ДУИ се незаменливи, изјави дека во периодот додека бил заменик-министер за финансии имал директна соработка со сите министри и бил задоволен од нивната досегашна работа.

Покрај имињата на ДУИ, кадри од поранешната Влада на Заев кои се најдоа и во Владата на Ковачевски се уште шестмина од СДСМ и неговите коалициски партнери.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button