ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски кажа дали се очекуваат промени во владиниот кабинет

Премиерот Димитар Ковачевски, на прашањето на Алсат за името на новиот министер за локална самоуправа, рече дека таа функција е на ЛДП и оти предлогот треба да дојде од таа партија. Ковачевски додаде дека е среќен што се споменува името на поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, додавејќи дека не се очекуваат други промени во владиниот кабинет.

„Името ќе биде објавено кога ќе дојде време, тоа е одлука на ЛДП. Среќен сум што се споменуваше името на поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов. За тоа кога предлогот ќе се најде на собраниска седница, тоа мора да се усогласи со претседателот на Собранието. Ристо Пенов е предлог на ЛДП, но официјално сѐ уште не стигнал до нас“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button