ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски кажа дали ВЛЕГУВАЊЕ на Алијанса, значи ИЗЛЕГУВАЊЕ на Алтернатива

Ковачевски кажа дали ВЛЕГУВАЊЕ на Алијанса, значи ИЗЛЕГУВАЊЕ на Алтернатива

Алијансата за Албанците ја подготвува стратегијата за преговорите за можен влез во Владата. Лидерот на партијата Таравари, рече дека во преговорите ќе биде вклучен и тој, но и потпретседателите и секретарите на партијата. Иако се очекуваше средбите да започнат веднаш, во моментов ниту една од страните не кажува кога ќе седне на преговарачка маса.

Advertisements

„Централното претседателство го овласти Управниот одбор на партијата да ги продолжи понатамошните преговори со партиите кои во моментов се дел од мнозинството. Што се однесува до излезот или влезот на која било партија во Владата, тоа не е наша работа, ние преговараме дали ќе влеземе во Владата. Дали некој ќе излезе, дали ќе влезе, тоа не е наша работа“, рече Арбен Таравари, претседател на АА.

Премиерот Ковачевски, не сакаше да ги коментира противењата на Алтернатива или дали може да се случи оваа партија да се откаже од владината коалицијата. Тој е уверен дека мнозинството во моментов го сочинуваат 64 пратеници.

Партиите од владината коалиција не откриваат дали веќе ги формирале своите тимови во преговорите со Алијансата. Од партијата Алтернатива, освен што немаат дефинирано преговарачки тим со Алијанса, велат дека оваа тема треба да биде второстепена, бидејќи прво мора да се договорат со партнерите од владејачките партии, дали мнозинството ќе се шири.

„Имавме и ќе имаме средби со Алијанса за Албанците, како и со другите, но не веруваме дека темата за проширување на Владата е тема во која имаме многу да разговараме со АА бидејќи ние треба во владината коалиција да се договориме за потребата од проширување на мнозинството. Ако утврдиме дека има потреба, тогаш да зборуваме за можностите како тоа може да се направи. Треба многу да се разговара со сите, но и со АА, за нашиот предлог за уставни измени, за борба против корупцијата, како најголемa закана за нашата држава“, велат од Алтернатива.

Од друга страна, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поради фактот што АА нема излезено со програма дека со нивното вклучување во Владата ќе се подобри стандардот и квалитетот на животот, се подразбира дека тие се заинтересирани за влез во Владата само за да им се придружат на сегашните владејачки партии во крадењето на државата.

Инаку и покрај изјавите дека не се разговара за поделба на ресурсите, се шпекулира дека партијата која најмногу ќе загуби во однос на владиниот колач е Алтернатива./Алсат.мк

Ардит Рамадани

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button