ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетовчани бараат решение за проблемот со кучињата скитници

Тетовчани бараат решение за проблемот со кучињата скитници

Тетовчани бараат решение за проблемот со кучињата скитници поради опасноста со која се соочуваат речиси секојдневно. Ги поздравуваат мерките што ги презема општината, но велат дека тие не се доволни за трајно да се реши овој проблем кој претставува сериозна закана по нивниот живот.

“Во голема опасност сме. Иако сега нема како порано. Можеби може да се реши, но не знам, зависи од економската состојба“, рече еден жител.

Општина Тетово одамна донесе одлука за обештетување на граѓаните кои ќе бидат каснати. Станува збор за мерка која се применува и во други општини, но во Тетово ја укинаа поранешните раководители на општината. Комисија од пет члена, двајца лекари и еден претставник од јавното претпријатие и двајца адвокати ќе ги утврдува последиците од нападите на кучиња скитници. Надоместокот се движи од 5.000 до 100.000 денари во зависност од последиците.

„Тоа воопшто не е бегање од одговорност или некаква игра, туку е чекор во насока да ги избегнеме извршителите, бидејќи претходното раководство го забрани обештетување на граѓани за каснување од кучиња скитници и граѓанинот беше принуден да поднесе предмет во суд, а потоа да чека извршител да го донесе предметот во општина Тетово. Знаеме дека имаме општина со блокирана сметка со околу 400 предмети и треба да се чека да пристигне неговиот случај. Би траело пет до десет години додека не се исплати обесштетувањето“, рече Бесар Дурмиши Претседател на Советот на општина Тетово.

Од општината ветуваат дека проблемот со кучињата ќе се реши преку нивно третирање и вдомување, за да не бидат повторно изнесени на улица. Локалната власт ветува и простор и посебна компанија која ќе ги третира, стерилизира и чува кучињата во посебни простори. Од Секторот за внатрешни работи Тетово, велат дека во текот на 2022 година биле евидентирани 59 случаи на каснати граѓани, а само овој месец имало 4 такви пријави./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button