ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во туризмот песимизам за излез од кризата

Во туризмот песимизам за излез од кризата

И покрај позитивните најави кои доаѓаат дека оваа година само преку еден тур-оператор, Охрид и Струга ќе ги посетат 15.000 туристи, вработените во овој сектор не се оптимисти дека ќе излеземе од кризата. Поскапувањата на продуктите и енергијата го турнаа на земја туризмот во Македонија. Сметаат дека тоа допрва ќе се чувствува.

„Треба час поскоро државата да интервенира. Таа е тој орган кој треба да се вклучи во одржување во живот на овој дел од стопанството и без нејзина интервенција не би можеле да зборуваме за понатамошно опстојување на овој сектор. Се работи за тешка ситуација која без државна интервенција, жртвите ќе бидат големи и ќе резултира со затворање на голем број бизниси“, рече Климент Наумов-туристички водич.

Насекаде во светот и во регионот, државата во ваква ситуација мора да преземе чекори и мерки за ублажување на кризата, додава Наумов. Но, од Агенцијата за туризам се оптимисти.

„Интересот за македонскиот туристички пазар е зголемен и нашата дестинација е сè повеќе застапена во програмите на тур-операторите од Холандија, но и генерално во овој дел на Европа“, велат од Агенција за поддршка и промоција на туризмот.

Во првите 10 месеци лани бројот на странски туристи од вкупниот број посети во Македонија за 2022 година бил 55%, додека учеството на домашни туристи е 45%. Таргет-земји се Полска, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Турција. Учеството на туристите од овие земји лани во вкупниот број на странски туристи и ноќевања бил 30%./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button