ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Концесијата за тетовската ТИРЗ била добиена незаконски?

Концесијата за тетовската ТИРЗ била добиена незаконски?

Актуелниот концесионер, Индустриската зона во Тетово ја добил незаконски, утврди Антикорупциската комисија. По прегледот на целата документација биле затекнати низа неправилности. При анализата на документите на Владата, Државното правобранителство и другите надлежни институции имало несовпаѓање.

Николовска вели дека актуелниот корисник на ТИРЗ и самиот учествувал во измената на Законот за концесии, што покажува дека биле создадени одредби кои даваат повластени можности за добивање на концесијата. Таа додава дека законот кој го составуваат лица со судир на интереси со влијание или лобирање, доведува до кршење на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Од Антикорупциска велат дека незаконски е и договорот за концесискиот период.

Од Антикорупциска најавуваат дека доказите ќе ги достават до Владата, до Државното правобранителство и до Обвинителството. Николовска вели дека Обвинителството мора да одлучи дали ќе постапува за фалсификување документи, а државниот правобранител да ги потврди доказите и да одлучи дали ќе го раскине договорот со концесионерот./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button