ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски кажа кога ќе почне постапката за уставни измени

Во моментот кога ќе имаме широк општествен и политички консензус по истото тогаш ќе може да се најде во Собранието, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дали веднаш по новогодишните празници ќе почне постапката за уставни измени, како што посочи претседателот Стево Пендаровски и други членови на Владата.

-Претседателот Пендаровски имаше и во своето обраќање пред Собранието во новогодишното обраќање, тоа и јас сум го истакнувал за сите разумни политичари во оваа држава дека уставните измени со коишто се овозможува продолжување на европскиот пат на државата и кое што е една од одлуките на патот до полноправно членство треба да биде наднационално и надполитичко прашање кое што овозможува подобра иднина за сите граѓани на сегашнава и на идните генерации. Тоа прашање секако дека ќе се најде во Собранието. Нормално дека ќе му претходат политички консултации, ќе има претходно и стручна расправа со оглед на тоа дека се работи за уставни измени и во моментот кога ќе имаме широк општествен и политички консензус по истото тогаш ќе може да се најде во Собранието“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button