ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски кажа кого го гледа како најголема опасност на патот на државата кон ЕУ

Според премиерот Димитар Ковачевски, партијата Левица и лидерот Димитар Апасиев се најголемата опасност за напредокот на земјава кон Европската Унија. Во одговор на новинарско прашање, за време на заедничката прес конференција со европратеничката и лидерка на прогресивната алијанса на социјал демократи во Европскиот парламент, Ираче Гарсија Перез, Ковачевски рече:
“Најголемата опасност за нашиот пат кон европската иднина лежи во една политичка партија, којашто има антиевропска, анти НАТО и антиинтеграциона политика со западна Европа. Тоа е Левица и нивниот претседател, Димитар Апасиев“, рече Ковачевски.