ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: На изборите ќе се судрат два блока „за“ и „против“ ЕУ

На изборите ќе се судрат два концепти, два блока кои природно се издиференцираа, едниот за интреграција во ЕУ и вториот против интеграција во ЕУ, а ќе победи европскиот, предводен од СДСМ и на претседателските и на парламентарните избори, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Студио 10“ на Телевизија 24.

-Кај нас природно се издеференцираа два блока. Едниот за интеграција на земјата во Европската унија. Вториот е против интеграцијата на земјата во Европската унија, каде што има две нијанси, едната нијанса е апсолутно против и другата нијанса е декларативно за, меѓутоа прави сѐ да не влеземе во ЕУ и тоа прават цело време. Затоа на изборите ќе се судрат ти два концепти“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button