МАКЕДОНИЈА

Ковачевски на средба со Гир: Владата останува посветена на барање решение со Бугарија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски и иден премиер на средбата со евроамбасадорот, Дејвид Гир, порачал дека Владата предводена од СДСМ останува посветена на барање заедничко прифатливо решение, со Бугарија, согласно европските вредности.

„Има одредени сигнали од премиерот Петков и очекувам да дојдеме до решение. Нашите граѓани сакаат и заслужуваат да живеат по вредностите на стандардите и вредностите на ЕУ, затоа ќе се посветиме на реформите кои овие вредности ги носат во нашата држава“, изјави Ковачевски.

Гир, според соопштението, посочил дека ЕУ ќе помогне да се дојде до заедничко прифатливо решение со Бугарија со цел Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во Блокот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button