ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски не гледа пречка Џафери да ја предводи техничката влада

Премиерот Димитар Ковачевски не смета дека се крши Законот за Влада со тоа што е предложен Талат Џафери за технички премиер, а не човек од неговата партија.

„Прво, не се крши Законот затоа што и оваа и претходната влада се коалициски влада и ако го погледнете мандатот што го доделува претседателот на државата, тој ѝ го доделува на коалиција. Таа која има најмалку 61 пратеник во Собранието, така се доделува мандатот. Така што со тоа ништо не се крши“, вели Ковачевски.

Тој не даде конкретен одговор на прашањето дали има нешто предвидено во случај ВМРО-ДПМНЕ да одбие учество во техничката влада, односно не делегира свои претставници. Само посочи дека тоа е законска обврска за партиите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button