ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Не постојат индиции за нарушување на безбедносната состојба во земјава

Премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање на заедничката прес конференција по неформалниот состанок на НАТО лидерите од регионот, рече дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и оти релевантните служби секогаш располагаат со навремени и точни информации од партнерските безбедносни служби.

„Безбедносната ситуација во нашата држава е стабилна и не постојат никакви индиции за какво било нарушување на истата. Нивото на информации коишто безбедносните служби на нашата држава, кои се и дел од безбедносните служби на НАТО, ги имаат и ги споделуваат со партнерските безбедносни служби од земјите членки на НАТО. Тоа значи дека системот на превенција и заедничко работење со централата на НАТО во Брисел функционира на беспрекорно ниво и затоа нашите граѓани треба да бидат и среќни и горди дека живеат во земја членка на НАТО“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button