ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Нема да делам на наши и ваши, туку на способни и неспособни

Нема да ги делам министрите и граѓаните на наши и ваши, туку ќе ги делам единствено на способни и неспособни, работливи и неработливи, на чесни и нечесни. Ова се дел од личните пораки кои ги испрати претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски во своето експозе пред пратениците во Собранието.

Тој ги повика политичарите да се обединат и да соработуваат и порача дека се отворени на критика и сугестии, но и повика на стратешки политики, не само за надворешната политика, туку и во образованието, здравството и земјоделството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button