ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Очекувам натпартиски консензус за уставните измени

Премиерот Димитар Ковачевски очекува плодна дискусија и конструктивна расправа, но и натпартиски консензус за, како што рече, продолжување на евроинтеграцијата на државата.

„Сметам дека се работи за уставни измени коишто не задираат во ниту едно идентитетско прашање, вчера беа објавени – немаше ниту еден негативен коментар. Ние сме мултиетничко, мултиконфесионално општество коешто е пример за Европа во мало и сметам дека нашите пратеници, 120 на број во Собранието, ќе имаат и визија и доблест и храброст, да донесат одлука која ќе значи европска интеграција на државата и пред сè обезбедување подобра, европска иднина и за сегашните и за идните генерации“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button