ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Од нас зависи колку брзо ќе ги исполниме условите, нашата цел мора да остане ЕУ

Како никогаш досега Европа е свртена кон и посветена на државите од Западен Балкан. За релативно кратко време земјите од регионот имаат можност да ги интензивираат институционалните и структурните реформи, како и да ја зајакнат конкурентноста на глобалниот пазар, да ги искористат придобивките на дигитализацијата, технолошкиот и зелениот развој, како идни земји членки на Европската Унија. Членството во ЕУ зависи и од ентузијазмот во Унијата за проширување и продлабочување на европските интеграции, но и од напорите на државите-кандидати да ги исполнат потребните високи критериуми и стандарди, преку почитување на фундаменталните европски вредности. Овој процес е од заемна корист и за двете страни, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Како што истакна Ковачевски, ЕУ на земјите од Западен Балкан им даде вистинска шанса да се интегрираат во Унијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button