КОШАРКАСПОРТ

Само Мајами Хит покажа интерес за Лилард

Ситуацијата со бекот на Портланд Демијан Лилард се уште е „статус кво“. Најдобриот кошаркар на Портланд пред два месеци побара трејд. Портланд не брза премногу да го испрати Лилард во друга екипа. Она што треба да се истакне е дека во моментов нема многу франшизи кои можат да влезат во преговори за Лилард. Всушност постои само едена франшиза, а тоа е Мајами. Хит беа спомнати како дестинација на Лилард уште пред два месеци, а очигледно ниту една од 28. франшизи нема намера да испрати понуди до Трејл Блејзерс.

ЕСПН, пишува дека нема индикации дека решението е на повидок, што значи дека најголема е веројатноста Лилард да остане во Портланд. Сепак, американската телевизија направи проекција како би можел да изгледа евентуалниот трејд на релација Мајами-Портланд.

Добро информираниот новинар Боби Маркс вели дека е можна размена во која Јусуф Нуркиќ ќе замине со Лилард во Мајами, додека Тајлер Хироу, Кајл Лаури, Хаиме Хакес и Никола Јовиќ би се преселиле во Орегон. Покрај тоа, Портланд би добил и неколку пикови од Мајами. Со оглед на тоа дека Лилард има огромен договор и дека има 32 години, тимот што сака да го земе треба да излезе со примамлива понуда за Трејл Блејзерс како и да биде претендент за титула.

Портланд, од друга страна, би добил млади играчи и доколку франшизата реши да изгради тим за следните неколку сезони, тогаш би можеле да се согласат на вакво нешто. Хироу би се вклопил со Скот Хендерсон и Шејдон Шарп, додека доаѓањето на Хакес и Јовиќ би било важно за засилување на тимот на високите позиции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button