ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски прифаќа лидерска само за стратешки прашања

Рокот кој го даде ВМРО-ДПМНЕ за почеток на разговори за предвремени избори истекува денеска, а доколку нема договор за лидерска за ова прашање, опозициската партија од утре најави активна блокада на Собранието. Премиерот Димитар Ковачевски вчера беше дециден дека лидерска средба заснована на уцени и закани нема да има, а најавената блокада во време на војна во Украина и во услови на криза ја смета за неодговорен чекор.

Advertisements

Премиерот Ковачевски рече дека лидерска средба може да има, но за прашања кои се стратешки, кои значат подобар живот на граѓаните и кои се однесуваат на справување со енергетската криза.

– Лидерска средба заснована на уцени и закани, а го гледаме претседателот на ВМРО ДПМНЕ одбројува како во некој лош акционен филм, таква лидерска средба нема да има, тоа е ставот на сите политички партии, дури и од партии кои се во опозицискиот блок, истакна Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button