ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Шансите за полноправно членство во ЕУ, до 2030 се реални

Ковачевски: Шансите за полноправно членство во ЕУ, до 2030 се реални

Шансите за полноправно членство во ЕУ до 2030 година се реални, смета премиерот Димитар Ковачевски, затоа ги повикува сите да покажат зрелост за да го искористат моментот што го нуди оваа година, алудирајќи на уставните измени. Овие коментари Ковачевски ги даде од конференцијата „Година на нови можности“, на која зборуваше и за можното проширување на мнозинството, што го нарекува процес на проевропски фронт. Премиерот утре ќе се сретне со првиот човек на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кого и официјално ќе го покани во Владата.

На почетокот ќе зборуваат за програмските определби а потоа за кадровските решенија, вели првиот човек на Алијанса, Таравари. Тој зборуваше за пакет услови кои ќе ги побара од премиерот

„Пакетот мерки што го предложивме ќе биде главно барање, едно од петте главни барања што ги имаме. Ако тие не се подготвени, тогаш мислам дека наскоро треба да ставиме крај на оваа приказна. Или ќе се договориме или ќе продолжиме во опозиција и ќе делуваме  како што правевме изминативе 7-8 години“,рече Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците.

Една од точките во пакетот се мерките објавени пред неколку недели, а тоа се ветингот на судиите и обвинителите, законот за формирање канцеларија за конфискација на криминално стекнат имот, ветинг за функционерите, законот за спречувањето на непотизам од пратениците, министрите и директори и сл.

Освен ова, Таравари денеска изјави дека е отворена и темата за кадрите со кои Алијанса евентуално ќе биде претставена во извршната власт, но не наведувајќи конкретни имиња.

А во јавноста веќе подолго време се шушка дека на Алијанса му се понудени Министерството за правда и Министерството за здравство. Министерот за правда, избран од СДСМ, не сакаше да коментира за неговата можна смена.

Демократскиот Сојуз не се согласува со зголемување на бројот на министри Албанци во Владата, а Алтернатива не се согласува да отстапи позициите што ги има во моментов./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button