ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За јавниот транспорт во Тетово, ќе треба годишна субвенција од 18 милиони денари

За јавниот транспорт во Тетово, ќе треба годишна субвенција од 18 милиони денари

На барање на Јавното комунално претпријатие „Тетово транспорт“, Советот денеска одобри субвенција од 4 милиони денари за покривање на трошоците за претходната година. Првиот човек на Тетово рече дека покрај оваа сума, на компанијата ќе и треба дополнителна поддршка и за 2023 година, притоа додавајќи дека се испитува можноста да се најде редовен модел на субвенционирање.

„Врз основа на завршната сметка, се чини дека на компанијата ѝ недостига или има потреба од поддршка некаде околу 4 милиони, за да ги заврши сите трошоци што компанијата ги направи во 2022 година, и врз основа на прогнозите, програмата што ја предвидовме за 2023 година, на компанијата ќе и треба годишна субвенција од 18 милиони денари“, рече Билал Касами, градоначалник на Тетово.

„Сакам да го истакнам фактот дека секаде во светот јавните претпријатија кои се занимаваат со превоз на граѓани работат со загуба, бидејќи се на услуга на граѓаните. За таа компанија да има нула салдо или позитивно салдо, треба еден билет за граѓаните да има вредност од 100 денари, што е апсурдно“, додаде Бесар Дурмиши, претседател на Советот на општина Тетово.

Екипата на Алсат излезе на терен за одблиску да ја види работата на градските автобуси.

„Се наоѓаме во автобусот 1А кој во една смена минува 50 километри во Тетово. Возачите на автобуси велат дека за една смена продаваат над 300 билети, оваа бројка е многу висока во споредба со пред неколку месеци кога јавниот превоз во Тетово го користеа мал број граѓаните“, изјави Вјолца Алити, новинарка.

„Во град не користам автобус, се движам со такси или кола“, рече еден граѓанин.

Тетово пред неколку месеци финансиски го помогна јавното претпријатие, средства кои, како што тогаш изјавија, биле доволни за покривање на трошоците.

Инаку, ЈКП Тетово Транспорт, има над 30 вработени, од кои 12 возачи, 12 контролори и останатите административци./Алсат.мк

 

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button