ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Судовите се независна власт, ако некој им се мешал во работата ќе треба да пријават низ соодветна процедура

Ниту јас како претседател на Влада, ниту кој било министер, не се меша во работата на Судскиот совет или на Советот на обвинители. Правосудните органи треба да бидат на ниво на кое ќе си ја извршуваат својата работа и нема да имаат никакво политичко влијание. Ако некој им се мешал во работата, тоа ќе треба самите да го пријават низ соодветна процедура, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски прашан за разрешувањето на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, по увидот на градежните активности на патот Ранковце – Крива Паланка.

Ковачевски потсети на соопштението на министерот за правда во врска со овој случај и напомена оти го дели истиот став. Министерот во рамките на своите надлежности во Министерството за правда побара да се види записникот од самата седница.

-Јас од првиот ден кога станав претседател на Владата кажав дека ниту јас како претседател, ниту кој било министер, не се меша во работата на Судскиот Совет или на Советот на обвинители и тоа можеше да се потврди низ директен пренос, каде сите граѓани можеа да видат што се случуваше на Судскиот Совет. Она што останува е правосудните органи на ниво кое што е потребно да ја извршуваат својата работа и да немаат никакво политичко влијание, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button