ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Милошоски: Криењето на договорот има силни индиции за корупција и криминал

Ковачевски и Груби можат да кријат договори на нивните приватни фирми, но секој кој што потпишува договор каде што обврските ги превзема буџетот и државата има обврска кон даночните обврзници да ги направи тие договори јавни, реагира денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, откако вчера на брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека на пратениците со безбедносен сертификат нема да им биде даден договорот потпишан со конзорциумот Бехтел и Енка, туку истиот ќе бил презентиран од владини претставници.

„Криењето на Договорот е најсилна индикација дека тоа што го прифатиле Артан Груби и Димитар Ковачевски има силни индиции за корупција и криминал. Секој премиер или министер кој што потпишал добар договор во интерес на државата или граѓаните би сакал тој договор да го види јавноста и обратно, секој оној кој што крие договор од јавноста, само ги потврдува сомнежите дека тој договор е на штета на буџетот и има клаузули кои што се податливи за корупција и криминал“, наведува Милошоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button