ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Уставот ќе се отвори на патот кон ЕУ

Остануваат отворени прашања, но сите детали за отворените политички прашања се оставени на разгледување меѓу двете Министерства за надворешни работи, брифира премиерот Димитар Ковачевски, по одржувањето на меѓувладината седница со бугарските колеги.
Тој вели дека решението на политичките прашања треба да биде базирано на европски вредности и да го штити достоинството на граѓаните од двете земји.
Според Ковачевски бугарскиот претседател Румен Радев ги реафирмирал познатите ставови, но и го поддржал дијалогот што се води на другите теми и новиот позитивен наратив во разговорите.
На брифинг со новинарите, Ковачевски кажа дека отворените прашања треба да се решат во целина, но да бидат ставени во рамка која ќе зависи од одржувањето на првата Меѓувладина седница. Тој додаде дека ќе се придржува до Резолуцијата усвоена во македонското Собрание.
Тој повтори дека овој процес не би го поврзувал со рокови.
Ковачевски брифираше дека за да се отвори граничниот премин Клепало, кој ќе го скрати патот до градот Сандански, тој ги потсетил бугарските колеги да доизградат уште 13 километри од патот, за што тие не биле свесни дека им недостасуваат.
Ковачевски, на брифингот, кажа дека уставните измени се процес кои како држава мора да се направиме на патот до ЕУ, бидејќи ќе мора да се адаптира Уставот и со оглед на тоа што државата е мултиетничка, имаат право заедниците да побараат да бидат дел од Уставот, за што е потребно двотретинско мнозинство./Алсат.мк
Лука Андреев
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button