ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За подобра бизнис соработка, ќе се формира секретаријат за трговија

Нарушените  бизнис односи со Бугарија властите на двете земји решија да ги подобрат преку олеснување на условите за соработка. На денешната средба помеѓу делегациите на Македонија и Бугарија договорено е да се формира секретаријат за трговија, се со цел подобрување на нивото на трговската размена. Освен за трговија, министрите од областа на економијата договорија продлабочување на соработката во областа на туризмот, енергетиката, а и елиминирање на дел од бирократските процедури досега потребни за работа.

„Во склоп на работната група ќе ги вклучиме и стопанските комори на двете држави. Јас сум убеден дека по организација на различни настани секако дека бизнисмените ќе најдат интерес за да ја продлаболчат соработката со бизнисмените од страна на Бугарија“, вели Крешник Бектеши, Министер за Економија

Министерот за економија Крешник Бектеши за Алсат потврди дека на почетокот на следниот месец е договорено во ист состав да  продолжат преговорите само овој пат во Скопје. Од Македонско- бугарската стопанска комора посочија  дека бугарското вето за европскиот пат на Македонија предизвика недоверба врз бизнис релациите помеѓу двете држави. Трговската размена според нив не се намали значително, но политичките сигнали не беа добри.

„Како бизнис, не се одрази многу тоа вето, но се одрази врз самата доверба помеѓу бизнисмените. Сега малку повнимателно се гледа на работите, и малку повнимателно се одлучуваат да инвестираат кај нас. А ние како помала и пофлексибилна економија имаме постојан раст на трговската размена со нив“, рече Кирил Лазаров Претседател на Македонско-Бугарска стопанска комора

Лани трговската размена помеѓу двете земји изнесувала околу 700 милиони евра. Региси идентична е вредноста како на увезената така и на извезената стока од земјава во Бугарија.

За подобра бизнис соработка, ќе се формира секретаријат за трговија./Алсат.мк

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button