ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Ковачевски утре во Белград на средби со Вучиќ и Брнабиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе се состане во Белград со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски во зградата на Генералниот секретеријат на претседателот на Србија, соопштија од службата за соработка со медиумите на претседателот Вучиќ.

Advertisements

Во соопштението се наведува дека средбата ќе се одржи во 09:00 часот, а по средбата ќе биде проследено соопштение.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, официјалната посета на Белград македонската делегација предводена од премиерот Ковачевски, во која се и повеќе министри, ќе продолжи во Палата Србија каде што ќе има официјална церемонија на пречек и тет-а-тет средба со премиерката на Србија Ана Брнабиќ, по што ќе се одржи пленарен состанок на владините делегации, по кој премиерите ќе одржат прес-конференција.

Како што соопштија од Канцеларијата за соработка со медиумите на српската Влада, предвидена е и церемонија на потпишување на повеќе документи во присуство на Брнабиќ и Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button