ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски вели дека ВМРО мора да учествува во Техничката Влада

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека учеството на опозицијата во техничката Влада е неопходно и не може да се размислува за алтернативна опција. Ковачевски повторно најави средба со Христијан Мицкоски, но не ги прецизираше местото и датумот.

Синоќа на седница на Централниот комитет СДСМ ги утврди имињата кои ќе ги претставуваат социјалдемократите во ресорите во Пржинската влада.

Во МВР, ресорот со кој 100 дена ќе раководи ВМРО, СДСМ за дополнителен заменик-министер ќе го предложи Митко Бојмачалиев, актуелен шеф на кабинетот на министерот Оливер Спасовски. Досегашната министерка Јована Тренчевска ќе биде дополнителен заменик-министер за труд и социјална политика. На други позиции не се направени промени, односно на нив ќе останат истите кадри, како министри, така и заменици-министри. За именувањето на кандидатот за претседател на државата, СДСМ одлучи да свика конгрес. Потоа ќе има уште еден конгрес на кој ќе се претстават кандидатите за пратеници од листата на СДСМ за парламентарните избори на 8 мај 2024 година.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button