ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски-Вучиќ: Со економска и трговска соработка до уште поитензивно партнерство и пријателство

Премиерот Димитар Ковачевски со владина делегација утринава ја започна својата официјална посета на Белград при што се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ.

На средбата било нагласено дека долгогодишното партнерство меѓу Северна Македонија и Србија продолжува да се развива уште поинтензивно во рамки на економската и трговската соработка.

Тема на разговор на средбата Ковачевски – Вучиќ биле и регионалните иницијативи Отворен Балкан и Берлински процес, кои, како што нагласиле соговорниците, даваат можност за уште поголема меѓусебна соработка, но и побрза интеграција во Европската Унија.

„Политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и динамиката на пристапните преговори на Северна Македонија и Србија е важна тема и е наш заеднички приоритет“, нагласил премиерот Ковачевски.

Во оваа насока соговорниците ги нагласиле реформските процеси во повеќе клучни области, градењето на институционални капацитети како и развојните стратегии кои ги спроведуваат владите на двете земји.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button