ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски за Онкологија: Нема пардон за никого, тој што се огрешил ќе одговара

Ковачевски за Онкологија: Нема пардон за никого, тој што се огрешил ќе одговара

Не може да барате политичка одговорност за некој кој не е на функција, рече премиерот Димитар Ковачевски за одговорните во случајот на Онкологија.

По 20 години од се што се изнаслушавме за првпат МВР и Обвинителството, како што рече Ковачевски, влегоа на Онкологија и направија акција во врска со јавно изнесените сомнежи.
„Пардон нема да има за никого, ова е грозен случај. Пардон нема да има за никого без разлика дали припаѓа на која било политичка партија. Овде се работи за мултипартиски, мултиетнички криминал кој мора да се расчисти. Ја разбирам загриженоста на граѓаните и нивниот бес. И правото на протест во вакви случаи е добредојдено затоа што врши дополнителен притисок врз институциите побрзо да ја завршат својата работа“, потенцира Ковачевски.

Повика случајот да не се политизира бидејќи според него овде се работи за истражни дејствија кои ќе бидат спроведени на најпрофесионален начин, уверува Ковачевски.

„И во кои што нема да се прави пардон за никого. Очекувам да се спроведе професионална, брза истрага која ќе идентификува поединци кои се огрешиле пред законот но и пред етичките принципи на докторкста фела. Да не се прави сензационализам е да не се обвинува целата докторска фела за нешто што го направиле поединци“, рече премиерот.

Политизирањето на случајот ќе значи само на некој начин прикривање на некого и институциите најпрофесионално да го завршат она што е започнато. Доста беше 30 години граѓаните да бараат борба со криминалот и корупцијата“, порача Ковачевски.

Според него, никој не смее да врши никакво влијание и притисок во овој случај.

„Нема да се дозволи никаков притисок ниту политички, ниту етнички. Инволвираните ако сакаат нека бидат членови и на свети СДСМ и на свето ВМРО и на свети ДУИ, тој што се огрешил има да одговара“, потенцира Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button