ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски за Таравари: Сè уште важи понудата за „Европскиот фронт“

Ковачевски за Таравари: Сè уште важи понудата за „Европскиот фронт“

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека на неодамнешната средба со претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари разговарале за односите во коалицијата и работата на техничката Влада, но не откри дали Таравари тогаш му најавил дека ќе се приклучи кон опозицискиот фронт. Прашан за евентуално напуштање на владината коалиција со Алијанса, Ковачевски одговори дека земјава има изградено демократско општество во кое секоја политичка партија и поединец може слободно да ги носи своите одлуки. Тој повтори дека понудата за приклучување кон т.н. европскиот фронт предводен од СДСМ сè уште важи.

Advertisements

„Што се однесува до динамиката на односите во Алијанса за Албанците, во партијата, не би коментирал. Сепак се работи за друг политички субјект и нивните органи, нивните функционира се тие коишто треба да ги дадат одговорите. // Местото на политичките партии е во коалиции со коишто делат исти вредности, не навлегувајќи во тоа кој во која коалиција е како политички субјект и сè уште важи понудата на СДСМ за сите партии, организации и поединци што ја делат визијата за европска Македонија да ни се приклучат на изборите на 24 април“, рече Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button